Магдебург
From Wikipedia, the free encyclopedia
Магдебург (герм. Magdeburg; Долносаксонски: Meideborg, (Мајдеборг)), е најголемиот град[2] и главен град на покраината Саксонија-Анхалт, Германија. Магдебург е сместена на реката Елба и бил еден од најважните средновековни градови во Европа.
Магдебург | |
Магдебуршката катедрала — симбол на градот | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Саксонија-Анхалт |
Округ | Урбан округ |
Градски единици | 40 реони |
Градоначалник | Луц Тримпер (СПД) |
Основни податоци | |
Површина | 201 км2 |
Надм. височина | 43 м |
Население | 235.775 (31 декември 2020)[1] |
- Густина | 1.173 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | MD |
Пошт. бр. | 39104-39130 |
Повик. бр. | 0391 |
Портал | www.magdeburg.de |
Координати | 52°8′0″N 11°37′0″E |
Императорот Ото I, првиот цар на Светото Римско Царство, живеел најголем дел од неговото владеење во градот и бил погребан во катедралата по неговата смрт. Магдебуршката верзија на германското градско право, познато како Магдебуршко право, се проширило низ Средна и Источна Европа. Градот, исто така, е добро познат по магдебуршката опсада во 1631, која го зајакнала протестантскиот отпор во текот на Триесетгодишната војна.
Магдебург е седиште на два универзитета, Универзитет Ото фон Герике и Универзитетот за применети науки Магдебург-Штендал.
Денес, Магдебург е сообраќајна крстосница, како и индустриски и трговски центар. Производството на хемиски, челични, хартиени и текстилни производи е од особено економско значење, заедно со тешката машинска индустрија. Заедно со уште десет други градови во Саксонија-Анхалт, Саксонија и Тирингија, Магдебург е член на Средногерманската метрополитенска област.
Во 2005, Магдебург ја прослави својата 1200-годишнина.