Лозарство
From Wikipedia, the free encyclopedia
Лозарството (витикултура) се однесува на одгледување на грозје, за јадење или правење на вино. Ова е една гранка на хортикултурата. Ги опфаќа исто така и другите видови на грозје од родот Витус, неговите насади и хибриди поради производството на лозните подлоги на благородната винова лоза.[1] По пракса, лозарството е проучување, производство и изучување на грозјето кое се занимава со сето она што се случува во лозјето. Во калнедарот на лозарот спаѓаат изучувањето на грозјата кои се берат и се пренесуваат до винаријата, кастрење на лозници зимно време, орање на почвата за нејзино растресување и откривање на основата на лозниците, нивно процветување и цветање и кастрење на лозниците за добивање на грозје летно време. Лозарите не се винари бидејќи тие не ги прозиведуваат вината, туку само го надгледуваат и изучуваат процесот на растење.
Виновата лоза успева во умерените кклиматски зони.На северната полутопка успева помеѓу 30° i 50° паралела, додека на јужната успева помеѓу 30° и 40° паралела, каде што средната годишна температура не е пониска од 8 °C ниту повисока од 20 °C, средната температура во времето на растителноста е помеѓу 16 i 20 °C, а температурата во времето на мирување на лозата не паѓа под –15 °C. Најголеми светски производители на гозјето и виното се Франција, Италија, Шпанија, САД и други..[2]