Лихтенштајн на Олимписките игри
From Wikipedia, the free encyclopedia
Лихтенштајн за првпат учествувал на Летните олимписки игри во 1936 година, кои се одржале во Берлин.
До 2009 година, спортистите од Лихтенштајн имаат освоено вкупно 9 медали на олимпијадите, и сите ги освоиле на Зимските олимписки игри во дисциплината алпско скијање. Лихтенштајн е засега единствената земја која има освоено Олимписки медали само на Зимските олимписки игри.
Олимпискиот комитет на Лихтенштајн бил формиран во 1935 година, и истата година призанен од страна на МОК. Еден од пионерите за развој на идејата за Олимпизмот во Лихтенштајн бил Хавиер Фрик, кој учествувал и на летните и на зимските олиписки игри.[1]