From Wikipedia, the free encyclopedia
Лика (се изговара [lǐːka]) е традиционален регион на Хрватска, приближно од страната на планината Велебит од југозапад и планината Пљешевица од североисток. На северозападниот крај Лика се граничи со сливот Огулин-Плашки, и на југоисток со преминот Mалован. Денес поголемиот дел од територијата на Лика (Бриње, Долен Лапац, Госпиќ, Ловинац, Оточац, Перушиќ, Плитвичките Езера, Удбина и Врховине) се дел од Личко-сењската жупанија. Јосипдол, Плашки и Саборко се дел од Карловчката жупанија и Грачац е дел од Задарската жупанија. Најчесто се споменува со Горски Котар кој заедно Кордун и Банија, претставувале некогашната војна краина за време на Австро - унгарската монархија. Најубавиот дел на Лика ја прават Плитвичките езера и Националниот Парк кои се состојат од 16, од нив и поголеми езера од кои се прави една река Корана.
Лика | |
---|---|
Приближен регион на Лика во Хрватска | |
Земја | Хрватска |
Најголем град | Госпиќ |
Површина | |
• Вкупна | 5,000 км2 (1,931 ми2) |
Население (2011) | |
• Вкупно | 50.927 |
• Густина | 10,000/км2 (26,000/ми2) |
• Вкупно % од Хрватска | 1,19% |
• Етнички групи | Хрвати 84,15%Срби 13,65% [1] |
Демоним | Личани |
Час. појас | CET (UTC+1) |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC) |
Лика како географски поим настанала по реката Лика, која извира во Метак. Историскиот поим на Лика, од 10 век, односно е само поречје на горниот тек на реката Лика. Подоцна поимот Лика се проширил на подрачјето измеѓу Мала Капела, Велбит и Пљешевица како Лички Поуњ. Главните градови се вклучувајќи ги Госпиќ, Оточац, и Грачац, од кои повеќето се наоѓаат во карстните полиња на реките, Лика, Гацка и други. Лика е континентална регија, обиколена со планините Велебит на запад и југ и со Пљешевица на исток. Северната граница е прилично неодредена зошто огулинското подрачје претставува премин меѓу Лика и горски Котор. Целото тоа подрачје може да се одликува како планинско со помалки планински линии и повеќе целини. Има големи стратешки и сообраќајни значења зошто се претставува меѓу континенталниот и приморскиот дел на Хрватска. Низ Лика поминуваат магистрални патишта Загреб-Сплит, и автопатот Загреб-Сплит.
На подрачјето на Личката регија, односно предвоената Заедница на општина Лика, општините Оточац, Госпиќ, Кореница, Долен Лапац и Грачац, според пописот на населението од 1991 године, живеело 82.883 жители и тоа во следниот национален состав:
Лика низ целиот XX век била изложена на депопулација предизивикана од различни фактори - аграрната пренаселеност, потоа Првата и Втората светска војна (усташкиот прогон и убиства над Србите [2]. Исто така голем број од населението било во различни движења, како што се четниците и партизаните), како и иселувањето на населението во развиените подрачја и на крај граѓанската војна во Хрватска 1991-1995 година со изведената операција„Олуја“ каде што било протерано или убиено скоро целокупното српско население. Последица на сето тоа е дека денес на тоа подрачје живее само околу 50.000 население, додека пред тоа само 80 година, тој број изнесувал приближно 200.000 жители.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.