Лидија Заменхоф
From Wikipedia, the free encyclopedia
Лидија Заменхоф (Esperanto: Lidja Zamenhofo; 29 јануари 1904 – 1942) била еврејска писателка, издавач, преведувач и најмладата ќерка на Клара (Силберник) и Лудвик Заменхоф, творецот на есперанто. Таа била активен промотор на есперанто, како и на хомаранизмот, форма на религиозен хуманизам за прв пат опишан од нејзиниот татко.
Кратки факти Лидија Заменхоф, Роден(а) ...
Лидија Заменхоф | |
---|---|
Лидија Заменхоф пред нацистичката инвазија на Полска | |
Роден(а) | 29 јануари 1904(1904-01-29) Варшава, Конгресна Полска, Руска Империја |
Починал(а) | 1942 (на 37–38 г.) Треблинка |
Националност | Полска |
Други имиња | Lidja |
Познат(а) по | Активност во Есперанто движењето и Бахаизмот |
Родители | Лудвик Заменхоф (1859–1917) Клара Заменхоф (1863–1924) |
Затвори
Околу 1925 година таа станала бахаистка.[1] Кон крајот на 1937 година таа заминала во САД за да ја шири религијата, како и есперанто. Во декември 1938 година се вратила во Полска, каде што продолжила да предава и преведува многу бахаистички засписи.[2] ֿТаа била убиена во логорот Треблинка за време на Холокаустот.[3]