![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/c/cd/Libyan_Uprising-mk.svg/langmk-640px-Libyan_Uprising-mk.svg.png&w=640&q=50)
Граѓанска војна во Либија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Граѓанската војна во Либија започнала како низа протести и судири на 15 февруари 2011 година во Либија, како знак на противење на 42-годишното владеење на Моамер ел Гадафи со земјата. Во почетокот, главните барања на демонстрантите биле протерување на Гадафи и демократизација на земјата. До крајот на февруари, демонстрациите ескалирале со вооружен судир помеѓу бунтовниците и поддржувачите на Гадафи. Бунтовниците започнале да бележат успеси, зазимајќи го градот Бенгази и поголемиот дел од источниот дел од Либија и предизвикувајќи граѓанска војна во земјата. Гадафи во тоа време ја контролирал престолнината Триполи и западниот дел од земјата. Кон почетокот на март, силите на Гадафи започнале контраофанзива против бунтовниците, зазимајќи неколку крајбрежни градови како Брега, Па Лануф и Бин Џавад. По овие настани, властите биле подложени на голем меѓународен притисок, по кое на 18 март бил прогласен прекин на огнот. Но, по само неколку часа откако Гадафи прифатил прекин на огнот, ООН одобрила меѓународна воена интервенција против Гадафи.
Фактографската точност на оваа статија или поднаслов може да е доведена во прашање поради застарени информации. Можете да ја подобрите статијата подновувајќи ја. Можно е да има информации на разговорната страница. |
Либиско востание | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Арапски протести | ||||||||
![]()
![]() (до 19 март) |
||||||||
|
||||||||
Завојувани страни | ||||||||
![]()
Оружје резерви: | ![]() | ![]()
Воена поддршка: Оружје резерви: |
||||||
Команданти и водачи | ||||||||
![]()
| ![]()
| ![]() |
||||||
Сила | ||||||||
8,000 војници (во Бенгази)[28] Saaiqa 36 Battalion (on the front)[29] 5,000 volunteers (3 March; anti-Gaddafi claim)[30] | 10,000–12,000 (според Ал Џезаира )[31] |
Неколку држави, главно членки на НАТО, остро ги осудиле прекумерната употреба на сила над цивилното население од страна на Гадафи[32]. Канада, САД, Јапонија, Австралија, Велика Британија, Франција, Јордан и Русија наметнале санкции против Гадафи, забранувајќи му патување во овие земји, заедно со членовите на неговото семејство и високите функционери кои соработуваат со него. Обединетите нации и Советот за безбедност донеле првична резолуција за замрзнување на средствата на Гадафи и неколку десетици членови на неговиот внатрешен круг од соработници, како и ограничување на неговото патување. Резолуциојата исто така била прифатена и од страна на Меѓународниот кривичен суд[33].
На 10 март, Франција го признала Преодниот национален совет на Либија за единствен законски претставник на либискиот народ[34]. На 17 март била одобрена уште една резолуција според била воведена зона на забранети летови над Либија и преземање на сите неопходни мерки за заштита на цивилите и цивилните населени места кои се под закана на Либиската Арапска Џамахирија, вклучувајќи го и градот Бенгази, како и прекин на огнот помеѓу провладините сили и анти-гадафските сили[35]. На 19 март, Франција и Велика Британија официјално ги објевиле своите воени интервенции под раководство на Обединетите Нации. Истиот ден, коалициските сили започнале со напаѓање на либиските воени возила, додека пак американските и британските проектили ги нападнале клучните либиски цели[36].