Лешочки манастир
From Wikipedia, the free encyclopedia
Лешочки манастир — православен манастирски комплекс, кој претставува најголем духовен центар во Тетовско.[1] Манастирот е сместен во природен амбиент во близина на селото Лешок, на надморска височина од 610 метри. Во комплексот се наоѓаат црквите „Св. Атанасиј“ и „Св. Богородица“, како и гробот и спомен собата на Кирил Пејчиновиќ кој е еден од најпознатите македонски преродбеници од XIX век.
Главната манастирска црква „Св. Атанасиј“ | |
Информации | |
---|---|
Манастир на: | МПЦ - ОА |
Основан | 1321 |
Посветен на | Успението на Пресвета Богородица и Атанасовден Зимски |
Епархија | Тетовско-гостиварска |
Цркви | Стар „Св. Атанасиј“, „Св. Атанасиј“ и „Успение на Пресвета Богородица“ |
Личности | |
Основач (и) | Епископ полошки Антониј |
Игумен | Отец Теодосиј |
Важни личности | Кирил Пејчиновиќ, Силвестер Никола, Отец Езекиил, Отец Еротеј, монах Теодорит |
Место | |
Место | село Лешок, Општина Теарце, Тетово, ![]() |
Координати | 42°03′50″N 21°01′58″E |
Видливи остатоци | 3 цркви, конак, летна бина, ресторан, гробови |
Отворен за јавноста | да |
Други информации | (Теаречка парохија) |
Во манастирските конаци има параклис посветен на светите Кирил и Методиј, додека надвор од манастирскиот комплекс има стара црква посветена на Атанасиј Александриски т.н. Стар манастир. Манастирот за првпат е основан во 1321 година од страна на епископот полошки Антониј. Комплетното заживување кое е видливо и денес се должи на доаѓањето на Пејчиновиќ од Света Гора, во 1818 година, кога се обновени манастирските конаци и кога е основана манастирската библиотека. Во тоа време Лешок прераснал во книжевен и просветен центар. Манастирските конаци денес се реновирани, располагаат со сместувачки капацитети и особено се погодни за летен манастирски туризам.
Манастирот досега е двапати уриван. Првпат во 1690 година Турците го разурнале целиот комплекс сосе црквите. Вторпат манастирот го кренале во воздух албанските терористи за време на конфликтот во 2001 година.