![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/d/d3/%25D0%259B%25D0%25B5%25D1%2588%25D0%25BD%25D0%25B8%25D1%2586%25D0%25B0_%2528%25D0%25A8%25D0%25B0%25D1%2580_%25D0%259F%25D0%25BB%25D0%25B0%25D0%25BD%25D0%25B8%25D0%25BD%25D0%25B0%2529_05.jpg/640px-%25D0%259B%25D0%25B5%25D1%2588%25D0%25BD%25D0%25B8%25D1%2586%25D0%25B0_%2528%25D0%25A8%25D0%25B0%25D1%2580_%25D0%259F%25D0%25BB%25D0%25B0%25D0%25BD%25D0%25B8%25D0%25BD%25D0%25B0%2529_05.jpg&w=640&q=50)
Лешница (Шар Планина)
долина на Шар Планина / From Wikipedia, the free encyclopedia
Лешница — долина на Шар Планина. Се наоѓа во средишниот дел на Шар Планина во пределот на највисоките шарски врвови, помеѓу врвовите Среден Камен и Плат.[1] На југозапад е оградена со највисокиот Титов Врв, додека на југоисток со вториот највисок врв Бакардан, на запад со Среден Камен и на исток со Плат, додека кон север е отворена и се спојува со долината на реката Пена, во нејзиното горно сливно и изворишно подрачје. Се дели на Долна Лешница на надморска височина од 1450 метри и Горна Лешница од 2221 метар надморска височина.[2][3]
Се одликува со изразит алпски крајолик и карактер, со високи карпи, тревнати предели и густа зимзелена и букова шума, односно изобилува со иглолисна, букова и друга мешана шума, како и со богата ендемска флора и фауна која може да се најде само на ова место[4], особено до шумски плодови како боровинки, малини и разни видови билки и растенија. На карпестиот предел помеѓу Долна и Горна Лешница постои голем и повремен водопад, кој е особено силен во пролетниот и летниот период. До долината Лешница може да се стигне од Попова Шапка и тоа преку 2 правци: преку Јелак и врвот Плат или преку Церипашина, а исто така може да се пристапи по патеки кои водат од селото Бозовце.
Лешница е многу посетена од планинарите особено од алпинистите и од планинските трчачи кои на Лешница имаат организирано вертикална трка на 1 километар, односно 1000 метри висинска разлика. Над шумскиот предел на Лешница постојат неколку бачила, а низ самата долина протекува малата Лешничка Река, која е десна притока на Пена.