Летни олимписки игри 1972
From Wikipedia, the free encyclopedia
Јубилејните 20-ти Летни олимписки игри се одржале во Минхен во 1972 година. Градот Минхен за град-домаќин на игрите бил избран на 26 април 1966 година на 64-тата сесија на МОК во Рим. Останати кандидати биле Детроит, Мадрид и Монтреал.
Резултати од гласањето за избор на град-домаќин на Летните олимписки игри - 1972 | ||||||
---|---|---|---|---|---|---|
Град | Земја | Прв круг | Втор круг | |||
Минхен | Западна Германија | 29 | 31 | |||
Мадрид | Шпанија | 16 | 16 | |||
Монтреал | Канада | 6 | 13 | |||
Детроит | САД | 6 | - |
XI Зимски олимписки игри | |
Град домаќин | Сапоро, Јапонија |
---|---|
Бр. на држави | 121 |
Бр. на спортисти | 7170 (6075 мажи, 1095 жени) |
Натпревари | 195 од 23 спортови |
Отворени | 3 февруари |
Затворени | 13 февруари |
Официјално отворени од: | Густав Хајнеман [1] |
Спортска заклетва | Хајди Шулер |
Олимписка заклетва | Хајнц Полеј |
Олимписки оган | Гунтер Цан |
Стадион | Отворен стадион Макомани |
Игрите биле втори коишто се одржале во Германија по Летните олимписки игри - 1936 во Берлин. Но, овие игри имале за цел да го покажат демократското општество, оптимизмот и задоволството на германскиот народ. Игрите уште биле наречени „Среќните игри“. Амблемот на игрите бил сончев круг составен од светлосини цртички, а бил наречен „Светлото сонце“. Игрите биле први во историјата коишто имале и маскота за свое обележје. Маскота било кучето наречено „Валди“. На игрите биле промовирани и нови симболи од страна на Отл Ајхер. Но, и покрај големата посветеност и желбата за зближување и другарување на спортистите од целиот свет, на 5 септември група од 8 Палестинци влегла во Олимпиското село и убиле 11 израелски спортисти по што целата израелска олимписка делегација ги напуштила игрите. Овој немил настан во историјата е познат како Минхенскиот масакар.