From Wikipedia, the free encyclopedia
4-те Летни олимписки игри се одржале во 1908 година во Лондон. Игрите биле свечено отворени на 27 април, а свечено затворени на 31 октомври. Игрите требале да се одржат во Рим, но потоа било решено да се одржат во Лондон. Исто така игрите биле всушност петти, а не четврти поради одржувањето на Олимписки игри и во 1906 година во Атина. Но , сепак Меѓународниот олимписки комитет не ги признал Олимписките игри од 1906 година и оставил да се зачува циклусот од 4 години. За време на одржувањето на овие Олимписки игри претседател на Меѓунаропдниот олимписки комитет бил барон Пјер де Кубертен.
Италија се подготвувала за одржување на Олимписките игри, но порради ерупцијата на вулканот Везув на 7 април 1906 и последиците врз градот Неапол, за домаќин на игрите сепак бил избран градот Лондон. Останати кандидати биле Берлин и за чудо италијанскиот град Милано.
На овие Олимписки игри уште од самата церемонија на свечено отворање се појавиле неколку контраверзни ситуации:
Но, се чини најконтраверзен настан од Олимписките игри во Лондон во 1908 е маратонот. Прв на стадионот пристигнал италијанецот Дорандо Пјетри којшто неколкупати се онесвестил и започнал да трча во погрешна насока. На неколку метри од целната линија, двајца официјалци го фатиле за раце и го довеле до целта. Како последица на тоа Пјетри бил дисвалификуван, а за победник бил прогласен второпласираниот Џони Хајес. Меѓутоа и покрај тоа, како победник останал Дорандо Пјетри, а поради тоа што тој немал одговорност за својата дисквалификација, наредниот ден кралицата Александра му го доделила златното одличје.
Овие Летни олимписки игри биле и првите на коишто биле воведени зимски спортови. Впрочем на игрите имало 4 натпреварувања во уматничко лизгање.
На Летните олимписки игри - 1908 во Лондон се натпреварувале 2008 спортисти (1937 мажи и 37 жени) во 110 настани во 22 спорта.
Натпреварувачите се натпреварувале во 24 дисциплини во 22 спорта. Пливање, скокови во вода и ватерполо биле 3 спорта кои се сметале како еден со олимпискиот израз акватика. Спортот влечење со јаже бил сметан како дел од атлетиката, а спортовите фудбал и рагби биле сметани заедно.
|
На Летните олимписки игри во Лондон 1908 на Олимписките игри дебитирале Финска, Османлиското Царство и Нов Зеланд (како дел од Австралија).
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.