Лер (град)
град во Долна Саксонија, Германија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Лер (германски: Leer; источнофризиски долносаксонски: Læær или Läär) — град и административно седиште на истоимениот округ, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на реката Леда,[2] притока на реката Емс, близу границата со Холандија. Со 34.958 жители (2021), тој е трет најголем град во Источна Фризија зад Емден и Аурих.
Лер (град)
Leer | ||
Поглед на Градското собрание и пристаништето | ||
Управа | ||
Земја | Германија | |
---|---|---|
Покраина | Долна Саксонија | |
Округ | Лер | |
Градски единици | 9 | |
Градоначалник | Клаус-Петер Хорст (независен) | |
Основни податоци | ||
Површина | 70,30 км2 | |
Надм. височина | 3 м | |
Население | 34.958 (31 декември 2020)[1] | |
- Густина | 497 жит/км2 | |
Други информации | ||
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) | |
Рег. табл. | LER | |
Пошт. бр. | 26789 | |
Повик. бр. | 0491 | |
Портал | www.leer.de | |
Местоположба на градот Лер (град) во рамките на округот Лер | ||
Координати | 53°13′51″N 7°27′10″E |
Поради своето пристаниште, градот на Емс и Леда со векови бил обликуван од трговијата и поморството. Во него се наоѓа едно од најголемите германски бродоградилишта.[3] Лер важи и за најважен трговски град во Источна Фризија и самиот се именува како „Портата на Источна Фризија“.
Стариот град се смета за „највреден“ во областа поради добрата зачуваност на историските куќи.[4]
Од 2000 година градот станал универзитетски поради отворањето на Високата школа Емден/Лер.