Лепопелци
село во Општина Чешиново-Облешево From Wikipedia, the free encyclopedia
Лепопелци — село во Општина Чешиново-Облешево, во околината на градот Кочани.
Лепопелци | |
Координати 41°54′7″N 22°12′39″E | |
Општина | Чешиново-Облешево |
Население | 5 жит. (поп. 2021)[1] |
Шифра на КО | 13020 |
Надм. вис. | 360 м |
Лепопелци на општинската карта Атарот на Лепопелци во рамките на општината | |
Лепопелци на Ризницата |
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во Кочанското Поле, западно од градот Кочани.
Историја
Местото е населено уште од доцната антика, за што сведочи наоѓалиштето Грамади недалеку од селото.[2]
На крајот на XIX век селото било дел од Кочанската каза на Отоманското Царство.
Стопанство
Главна стопанска гранка во селото е земјоделството.
Население
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Лепопелци живееле 140 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Лепопелци имало 120 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија и 30 Власи.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 други жители и 25 до 50 Власи.[5]
Според пописот од 2002 година, селото имало население од 17 жители, 8 Македонци и 9 Власи.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 5 жители, сите лица без податоци.[6]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[7]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | б.п. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | 135 |
1953 | 2 | — | 3 | 12 | 121 | — | — | — | — | 138 |
1961 | 21 | — | 22 | ... | ... | — | — | 113 | — | 156 |
1971 | 16 | — | 18 | 5 | ... | — | — | 67 | — | 88 |
1981 | 10 | — | — | — | 27 | — | — | — | — | 37 |
1991 | 17 | — | — | — | — | — | — | — | — | 17 |
1994 | 1 | — | — | — | 17 | — | — | — | — | 18 |
2002 | 8 | — | — | — | 9 | — | — | — | — | 17 |
2021 | — | — | — | — | — | — | — | — | 5 | 5 |
Самоуправа и политика
Избирачко место
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 878 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна заедница на селото Ново Селани.[8]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 52 гласачи.[9]
Културни и природни знаменитости
- Археолошки наоѓалишта
- Грамади — населба од доцноантичко време
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.