From Wikipedia, the free encyclopedia
Леопардов смок (науч. Zamenis situla или Elaphe situla) — вид неотровна змија од фамилијата на смоковите (Colubridae) ендемска во Европа (вклучувајќи ја Македонија[3]), Мала Азија и на Кавказ.
Покрај Македонија, леопардовиот смок се среќава во Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Италија, Малта, Србија, Турција, Украина, Хрватска, Црна Гора и можеби на Кипар.[4]
По боја, леопардовиот смок е сив или драп со низа црвеникави или кафеави напречни дамки на грбот, кои се обрабени со црно. Од секоја страна има низа мали црни точки, наизменични со грбните дамки. На задниот дел од главата и тилот стои белег во облик на буквата Y, а од едното до другото око преку предмеѓуочните лушпи има црн срповиден белег и црн појас од задочните лушпи косо до аголот на устата. Стомакот е бел, со црнa шаховница, или речиси сосема црн. Грбните лушпи се мазни и распоредени во 25 или 27 реда. ВОзрасните единки достигнуваат до 90 см во должина, од кои 16 см отпаѓаат на опашката.[1]
Природно живее во честак, на пасишта, во насади и селски бавчи.[4]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.