Лаптевско Море
From Wikipedia, the free encyclopedia
Лаптевското Море е едно од најстудените и најсурови арктички мориња. Познато е и како фабрика за лед на Арктикот, бидејќи создава најголемо количество лед, кое заедно со водата од Трансполарната Струја го носи од брегот на Сибир и Алјаска преку Северниот Пол до протокот Фрам на источниот дел на Гренланд. Речиси целата површина на Лаптевското Море е под лед од октомври до мај. Зиме дуваат силни ветрови и снежни бури; лете често има магли. Морето најголем дел покрива плиток коннтинентален подводен гребен кој нагло се крши на длабочина од 2.000 м на крајниот север. Во морето се влева големо количество вода од сибирските реки, а некои од нив создаваат широки делти.
- Лаптевско Море. Заоѓање.
- Лаптевско Море. Ледени гребени.
- Лебдилка Хивус-10 на Лаптевско Море