галактичко суперјато From Wikipedia, the free encyclopedia
Ланијакеја (хавајски: Laniakea - „неизмерни небеса“)[2] — галактичко суперјато во кое е смстен Млечниот Пат и околу 100.000 други околни галаксии. Определено е во септември 2014 г. кога група астрономи како Р. Брент Тали од Хавајскиот универзитет, Елен Куртоа од Лионскиот универзитет, Јехуда Хофман од Еврејскиот универзитет во Ерусалим и Даниел Помаред од Париз-Сакле објавиле нов начин на определба на суперјатата според релативните брзини на галаксиите.[3][4] Според новата определба, суперјатото Девица дотогаш сметано за месно влегува во Ланијакеја како нејзин крак.[5][6][7][8][9]
Ланијакеја | |
---|---|
Карта на суперјатото Ланијакеја и неговите составни галактички јата | |
Податоци од набљудување (епоха J2000) | |
Соѕвездија | Јужен Триаголник и Рамнило (Голем Привлекувач) |
Ректасцензија | 10ч 32м |
Деклинација | −46° 00′ |
Најсјаен член | Млечен Пат (m –5,0) |
Бр. на галаксии | 100.000–150.000 |
Матична структура | Риби-Кит |
Голема полуоска | 520 милиони сг (159 Мпс) h−1 0,6780 ± 0,077 (H0 од „Планк“ 2013) |
Црвено поместување | 0,0708 (средиште) |
Оддалеченост (сопатна) | 250 милиони сг (77 Мпс) h−1 0,6780 ± 0,077 (Голем Привлекувач) (H0 од „Планк“ 2013) |
Врзивна маса | 1×1017[1] M☉ |
Други назнаки | |
Месно Суперјато, коплекс Ланијакеја |
Понатамошните изучувања укажуваат на тоа дека суперјатото Ланијакеја не е гравитациски врзано. Ова значи дека со време тоа ќе се растури, и нема да ја задржи својата необична густина во однос на околните подрачја.[10]
Суперјатото Ланијакеја опфаќа околу 100.000 галаксии кои се протегаат 160 мегапарсеци (520 милиони светлосни години). Има приближна маса од 1017 сончеви маси или 100.000 пати поголема од нашата галаксија, што е речиси иста со масата на суперјатото Часовник.[3] Има четири составни делови, кои порано се сметале за одделни суперјата:
Најмасивни галактички јата во суперјатото Ланијакеја се Девица, Водна Змија, Кентаур, Ејбел 3565, Ејбел 3574, Ејбел 3521, Печка, Еридан и Рамнило. Сето суперјато се состои од 300 до 500 познати галактички јата и групи. Вистинскиот број може да е многу поголем бидејќи некои од нив ја патуваат по Зоната на избегнување, подрачје на небото прикриено од гас и прашина од галаксијата Млечен Пат, што ги прави невидливи.
Суперјатата се меѓу најголемите структури во вселената и имаат тешко одредливи граници, особено однатре. Во секое суперјато, највеќето галактички движења се насочени навнатре кон тежиштето. Во случајот на Ланијакеја, ова гравитациско жариште се нарекува Голем Привлекувач и влијае врз движењата на Месната Група на галаксии (во која е Млечниот Пат) си сите други во суперјатото. За разлика од нејзините составни јата, Ланијакеја не е гравитациски врзана и се предвидува дека ќе биде растргната од темна енергија.[7]
Иако постоењето на суперјатото Ланијакеја е потврдено во 2014 г.[3] предлогот за повразност на неколку суперјата е даден уште во 1980-тите. На пример, јужноафриканскиот астроном Тони Ферол во 1988 г. изјавил дека црвените поместувања укажуваат на сврзаност помеѓу суперјатаат Девица и Водна Змија-Кентаур.[12]
Во околина на Ланијакеја се суперјатата Шеплиево, Херкул, Береникина Коса и Персеј Риби. Рабните граници помеѓу Ланијакеја и нив не биле јасно познати кога се определувала Ланијакеја.[6] Оттогаш изучувањето на овие граници е мошне напреднато.[13][14]
Самата Ланијакеја е составен дел на суперјатниот комплекс Риби-Кит, кој претставува галактичка нишка.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.