![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/4/46/Laki_fissure_%25283%2529.jpg/640px-Laki_fissure_%25283%2529.jpg&w=640&q=50)
Лаки (вулкан)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Лаки или Лакагигар (Кратерите на Лаки) — вулкански кратер во јужниот дел на Исланд, недалеку од кањонот на Елдџа и малото село Киркјубејарклаустур. Вулканот е дел од вулкански систем, во центарот на вулканот Гримсветн и вулканот Тордарирна.[1][2] Се наоѓа помеѓу ледниците Мирдалсјекул и Ватнајекул, во кратерската област во југозападниот до североисточниот правец.
Лаки | |
---|---|
![]() | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | Варира: кањон до 1,725 метарs (5,659 ст) |
Координати | 64°03′53″N 18°13′34″W |
Географија | |
Геологија | |
Вид | Вулканска пукнатина |
Последен избув | 1784 |
Во периодот меѓу јуни 1783 и февруари 1784 имало силни ерупции цели осум месеци од кратерот Лаки и соседниот вулкан Гримсветн, кои исфрлиле околу 42 милијарди тони 14 км3 на базалтна лава и облаци од отровна флуороводородна киселина и сулфурно диоксидни соединенија кои ја загадиле почвата, што довело до смрт на над 50% од добитокот на Исланд и уништување на поголемиот дел од сите култури. Ова довело до глад од што изумреле околу 25% од човечката популација на островот.[3] Лавата воедно уништила и 20 села.
Ерупцијата на Лаки и последиците предизвикале пад на глобалните температури, а 120 милиони тони сулфур диоксид бил исфрлен во северната полутопка. Ова предизвикало штети на посевите во Европа и веројатно ја предизвикало сушата во Северна Африка и Индија.