From Wikipedia, the free encyclopedia
Лажица е прибор за јадење кој се состои од мал плиток сад, овален или кружен, на крајот со дршка. Лажицата се користи во подготовка на храна и за да се измери, се меша, се промешува и се додаваат состојки, сервирање и други работи. Денес лажиците се направени од метал (особено сребро или есцајг, обложено или цврсто), дрво, порцелан, или од пластика.
Лажицaтa претежно се користи за течни и полутечни јадења, како супа, чорба или сладолед, или многу ситни прашкасти материи,кои неможат да се земат со виљушка, на пример шеќер, сол, ориз, житарки, грашок и друго. Во југоисточна Африка лажицата е главен прибор за јадење кој се користи за јадење, виљушките се користат за да ја туркаат храната во лажицата како ориз на пример, исто така како и нејзината западна употреба за сечење на храната. Лажиците претежно се користат и во готвењето и сервирањето на храната. Во пекарството, се користат за црпење на течно тесто.
Зачуваните примероци на различни форми на лажици што се користеле во Древен Египет се изработени од слонова коска, кремен, глинен камен и дрво, а многу од нив имаат изрезбани религиозни симболи.[1] За време на неолитската цивилизација во Сардинија, се користеле керамички црпалки и лажици, додека за време на династијата Шанг во Кина, лажиците биле изработувани од коски. Првите лажици од бронза во Кина се претпоставува дека биле користени како црпалки.[2] Во Стара Грција и Стар Рим лажиците биле изработувани од бронза и сребро, при што дршката имала форма на зашилен колец.[1] Постојат примероци што се чуваат во Британскиот музеј кои имаат различни форми.[1]
Во муслиманскиот свет, лажиците се користеле за јадење супа.[3] Средновековните лажици за домашна употреба најчесто се изработувале од рог на крава или од дрво, додека лажици направени од месинг, и други метали биле вообичаени во 15 век.[1] Што се однесува до лажиците од сребро или злато, тие биле дел од приборот за јадење на кралските и богатите куќи, со што се нагласува нивната посебна вредност.[1] Првиот запис за лажици во Англија е направен во тестамент од 1259 година.[1] Меѓу личните предмети на кралот Едвард I запишани во 1300 година, споменати биле златни и сребрени лажици со парискиот знак флор-де-лис.[1] Комплет на „апостолски лажици“, кои биле популарни во тјудорскиот период, се предмет на интерес за антикварниците.[1]
„Лажица“ на Ризницата ? |
Видете лажица во Викиречник, слободниот речник. |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.