Лав III Сириец
цар на Византија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Лав III Сириец или Исавријанин — ( 675 во денешен Кахраманмараш - 18 јуни 741 во Цариград) — византиски цар кој владеел во периодот од 717 до 741 година[1].
Кратки факти На престол, Претходник ...
Лав III Сириец | |
---|---|
Цар на Византија | |
![]() Лав III (лево) и неговиот син Константин V | |
На престол | 25 март 717 – 18 јуни 741 |
Претходник | Теодосиј III |
Наследник | Константин V |
Роден(а) | 685 |
Починал(а) | 18 јуни 741 (56 или 55 години) |
Сопружник | Марија |
Деца | Константин V Ана Козма Ирина |
династија | Сириска династија |
Затвори
Кратки факти
Сириска династија | |||
Хронологија | |||
Лав III | 717–741 | ||
со Константин V совладетел, 720–751 | |||
Константин V | 741–775 | ||
со Лав IV совладетел, 751–775 | |||
Артавзад узурпатор | 741–743 | ||
Лав IV | 775–780 | ||
со Константин VI совладетел, 776–780 | |||
Константин VI | 780–797 | ||
Ирина како регент, 780–790, и о нејсе како сорегент, 792–797 | |||
Ирина како царица | 797–802 | ||
Наследување | |||
Претходела Дваесетгодишна анархија |
Следела Арапска династија |
Затвори
Лав III бил основач на Сириската или Исавриска династија. Лав III е еден од најважните византиски владетели, кој успеал да ја извади империјата од периодот на анархија и кој успеал да се справи со арапската закана, кога во август 718 година Арапите биле поразени од бугарскиот хан Тервел по кое била повлечена Опсадата на престолнината по четири години. Тој исто така ја наметнал новата црковна доктрина на иконоборството[2].
Лав бил оженет за Марија, со која имале четири деца: Константин V, Ана, Козма и Ирина.