Културологија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Културолошки студии е академска област на критичката теорија и книжевната критика првично воведена од страна на британските научници во 1964 г. и подоцна усвоена од соединети академици од целиот свет. Карактеристично интердисциплинарни, културолошките студии претставуваат академска дисциплина што им помага на културолозите кои теоретизираат околу силите со кои човештвото го гради својот секојдневен живот. Културолошките студии не се унифицирана теорија, туку различни области на студии кои опфаќаат многу различни пристапи, методи и академски перспективи. Културолошките студии се разликуваат по широчината, целта и методологијата од културната антропологија и етничките студии, и се фокусираат врз политичката динамика на современата култура и нејзините историски основи, конфликти и одлики кои ја дефинираат. Истражувачите повеќе се концентрираат на тоа како одреден медиум или порака се однесува на идеологијата, општествената класа, националноста, етничката припадност, сексуалноста и/или родот, отколку на обезбедување енциклопедиска идентификација, категоризација или дефиниција на одредена култура или област во светот.
Културолошките студии ги комбинират феминистичката теорија, социјалната теорија, политичката теорија, историјата, филозофијата, книжевната теорија, теоријата за медиумите, филмските студии, комуникациските студии, политичката економија, преведувачките студии, музејските студии и историја на уметноста/крититиката за да ги проучуваат културните феномени во различни општества. Така, културолошките студии се обидуваат да разберат како значењето се генерира, распространува и истакнува од социјалните, политички и економски сфери во рамките на дадена култура. Влијателните теории за културна хегемонија и факторите се појавија од движењето за културолошки студии, како и најновата теорија за комуникација, која се обидува да ги објасни културните сили зад глобализацијата. Исто така, во САД, Канада, Австралија, Јужна Африка и Италија се појавија единствени академски приоди кон културолошките студии.
Во текот на 80-тите години на минатиот век подемот на нео-либерализмот во Велика Британија и новиот конзервативизам во Америка, културолошките студии се соочија со критики и од надворешните политички и внатрешните академски сили, поради блискиот сојуз меѓу многу научници од полето на културолошките студии и марксистичката теорија, левичарска политика и перципираниот „триумфализам“, со други реномирани научници. Противење на културолошките студии се покажа најдраматично во 2002 г. со затворање на Центарот за современи културолошки студии (ЦСКС) на Универзитетот во Бирмингем, Велика Британија. ЦСКС се смета за основачката академска програма за културолошките студии во светот, и беше затворен поради резултатот на Вежбата за оценување на истражувања од 2001 г., иницијатива отаната од времео кога британската владата беше предводена од Маргарет Тачер од 1986 г., којашто го одредува финансирањето за истражувањата за универзитетските програми. Додека голем број на притивници од 21. век продолжија да ја сметаат дисциплината како „нерелевантна“, оваа научна област има светско присуство што се состои од бројни годишни меѓународни конференции, академски програми, публикации, студенти и академици кои ја практикуваат, од Тајван до Амстердам, и од Бангалор до Санта Крус.