![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/5/5b/Cubewanos.png/640px-Cubewanos.png&w=640&q=50)
Кубевано
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кубевано (класично тело од Кајперовиот Појас или класичен кајперовец) — малкузанесено тело од Кајперовиот Појас кое кружи подалеку од Нептун и не е под раководство на орбитална резонанција со него. Ваквите тела имаат орбити со големи полуоски во опсег од 40 до 50 ае и, за разлика од Плутон, не ја пресекуваат Нептуновата орбита. Ова значи дека имаат малкузанесени, а понекогаш и нисконаклонети орбити како класичните планети.
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/5/5b/Cubewanos.png/640px-Cubewanos.png)
Називот „кубевано“ доаѓа од првиот заднептунец пронајден по Плутон и Харон — 15760 Албион, кој сè јануари 2018 г. немал име, туку ја носел привремената ознака (15760) 1992 QB1[1] (кју-би-уан на англиски). Подоцна откриените тела од овој вид го носат истиот назив, иако поимот „класични тела“ е многу позастапен во научната литература.
Меѓу позначајните кубевана се вбројуваат:
- 15760 Албион[2] (со ознака 1992 QB1, од која потекнува поимот „кубевано“)
- 136472 Макемаке — најголемото познато кубевано и џуџеста планета[2]
- 50000 Квавар и 20000 Варуна — важеле за најголемите заднептунци кога биле откриени[2]
- 19521 Хаос, 58534 Логос, 53311 Девкалион, 66652 Борасизи, 88611 Техаронхијавако
- (33001) 1997 CU29, (55636) 2002 TX300, (55565) 2002 AW197, (55637) 2002 UX25
- 486958 Арокот
136108 Хаумеја првично е заведена како кубевано од Центарот за мали планети во 2006 г.,[3] но подоцна е утврдено дека таа е во резонантна орбита.[2]