Крлежи
поткласа инсекти / From Wikipedia, the free encyclopedia
Крлежи ((науч. Acari) или Acarina) — таксон на пајаковидни членконоги кој ги содржи грините и вистинските крлежи. Крлежообразните се распространети насекаде, а најрани фосилни остатоци се забележани од раниот девон, а веројатно и од ордовикот. Како резултат на ова, акаролозите (луѓе кои ги проучуваат крлежообразните) предложиле сложени правила за систематизирање на овие животинки. Во најсовремените класификации, Acarina се смета за поткласа во Arachnida и се состои од 2-3 надредови или редови: Acariformes (или Actinotrichida), Parasitiformes (или Anactinotrichida) и Opilioacariformes. Последниот таксон често се смета за подгрупа во Parasitiformes. Монофилијата на крлежите е предмет на расправа, а поврзаноста на акарините со другите пајаковидни членконоги не е многу јасна. Во постарите систематики, на подгрупите од Acarina им се давал ранг на ред.
Крлежи Период: долен девон - денес | |
---|---|
Паунов крлеж (Tuckerella sp.) (згол. 260×) | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Членконоги |
Потколено: | Клештари |
Класа: | Пајаковидни |
Поткласа: | Крлежи Leach, 1817 |
Надредови | |
и во текстот |
Повеќето акарини се многу ситни (на пример, од 0.08 до 1.0 mm), но поголемите (некои вистински крлежи и кадифени крлежи) можат да достигнат должини од 10–20 mm. Се проценува дека се опишани повеќе од 50.000 видови (до 1999) и дека моментално постојат уште милион (и повеќе) видови кои треба да се опишат. Науката која ги проучува крлежообразните се нарекува акарологија.