Хашимитско Кралство Ирак (арап. المملكة العراقية الهاشمية) ― кралство на Блискиот Исток управувано од династијата Хашимити, кое постоело од 1932 до 1958 година.

Кратки факти Хашимитско Кралство Ирак, Службен јазик ...
Хашимитско Кралство Ирак
  • المملكة العراقية الهاشمية (арапски)
  • al-Mamlakah al-ʿIrāqiyyah ʾal-Hāshimyyah
Thumb Thumb
Знаме Грб
Химна: 
  • السلام الملكي
  • As-Salam al-Malaki
  • "Кралски поздрав"

Thumb
Местоположба на Кралство Ирак
Главен град
(и најголем)
Багдад
Службен јазик Арапски
Демоним Ирачани
Уредување Унитеарен парламентарен систем Уставна монархија
Законодавство Парламент
Валута Ирачки динар
Затвори

Државата е основана на 23 август 1921 година, по поразот на Отоманската империја во Месопотамската кампања во Првата светска војна. Иако во 1920 година Друштвото на народите мандатот за управување со Месопотамија му го доделил на Обединетото Кралство, по Ирачкиот бунт истата година планот бил сменет и било основано суверено Кралство Ирак, но под британска административна управа. Планот бил формализиран со Англо-ирачкиот договор.

Официјалната улога на Обединетото Кралство во администрирањето на Кралството Ирак завршила во 1932 година, [1] откако претходно бил склучен Англо-ирачкиот договор (1930). Новоформираното целосно независно кралство, официјално наречено Хашимитско Кралство Ирак, поминало низ турбулентен период во текот на целото свое постоење. Воспоставувањето на сунитската верска доминација во Ирак било проследено со асирски, јазиди и шиитски бунтови, и сите биле брутално задушувани.[2] Во 1936 година, во Хашимитското Кралство Ирак имало воен удар, а Бакр Сидки го заменил премиерот со свој соработник. Во следниот период на политичка нестабилност имало уште неколку државни удари, а нестабилноста кулминирала во 1941 година.

Во 1941 г. офицерите од Златниот плоштад, предводени од Рашид Али ја собориле владата на принцот-регент Абд ал-Илах.[3] Сојузничките сили во мај 1941 година во Англо-ирачката војна ја поразиле краткотрајната пронацистичка влада во Ирак. Подоцна Ирак бил искористен како база за сојузнички напади во Мандатот за Сирија под кпнтрола на Вишиева Франција и како поддршка за англо-советската инвазија на Иран.[4] Во исто време, курдскиот лидер Мустафа Барзани кренал бунт против централната власт во Багдад. По неуспехот на востанието, Барзани и неговите поддржувачи побегнале во Советскиот Сојуз.

Во 1945 година, за време на последните фази од Втората светска војна, Ирак се приклучил на Обединетите нации и бил основач на Арапската лига. Во 1948 година, низ Багдад имало масовни и насилни протести со кои народот со поддршка од комунистите го изразил негодувањето за владиниот договор со Британците. Протестите завршиле во мај, откако била воведена воена состојба затоа што Ирак, заедно со другите членови на Арапската лига влегол во Арапско-израелската војна.

Во февруари 1958 година, кралот Хусеин од Јордан и принцот Абд ал-Илах предложиле унија на Хашимитските монархии за да се спротивстават на претходно формираната Египетско-сириска унија. На 14 февруари 1958 година била формирана Арапска федерација, но траела кратко и истата година Абд ал-Карим Касимсо воен удар ја соборил монархијата.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.