From Wikipedia, the free encyclopedia
Шкорпија, Крал Шкорпија, или ретко Серкет, е вториот од двата крала на Горен Египет со тоа име кои владееле за време на Протидинастичкиот период. Неговото име веројатно е поврзано со божицата Серкет.
Единстевеното сликовно сведоштво за неговото постоење е глава од боздоган пронајдена во главниот наоден слој во храм кај Нехен. Стратографијата на оваа глава е загубена заради методите на ископување, но стилски овој предмет датира од самиот крај на протодинастичкиот период.[1]. Шкорпија II е кралот познат по своите две церемонијални боздоганови глави од камен, пронајдени во последната декада од XIX век во т.н. Главен слој во стариот дел од храмот на Хиераконполис. Иако се доста оштетени, видливите делови претставуваат исклучителни записи од раната египетска историја. Се смета дека тој живеел веднаш пред или за време на владеењето на Нармер во Тинис поради тоа, а и поради содржината на главата. Протодинастичките хиероглифи се тешки за читање, но мртвите виваци (значи египјани) и деветте лака (значи традиционалните непријатели на Египет) на главата се толкуваат како сведоштво дека тој започнал со напади на Долен Египет, што подоцна резултирало со победа на Нармер и обединување на земјата.[2]
Некои велат дека бидејќи во ова време египетските кралеви имале повеќе имиња, Шкорпија е всушност друго име за кралот Нармер. Други велат дека името на неговиот претходник, Ка, е само стилистички поинаква верзија на Шкорпија, и дека двајцата се една иста личност, чие име би било Сехен.[3]
Во коро време е пронајден 5000 години стар графит од страна на Проф. Џон Даарнел од универзитетот Јеил. На него стојат симболите на Кралот Шкорпија и неговата победа над некој друг прадинастички владетел. Сликата била прикажана на посебна емисија на каналот History Channel. Архивирано на 12 јануари 2006 г.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.