Концентрационен логор
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Првите знаци на масовно присилно преселување на народи е забележано од Асирците. Тие го користеле овој метод за контролирање на своите територии. Стотици години подоцна се појавиле знаци за големи групи на народи, коишто биле собирани во големи затворенички логори. Историски нацистичките концентрациони логори биле најсурови од сите.
Концентрационите логори (германски: Konzentrationslager) биле создадени за политички соперници, непријатели, ментално болни, различни етнички и религиозни групи итн. најчесто за време на војна. Со Женевската конвенција од 1949 се гарантира заштита на цивили за време на војна.
Изразот концентрационен логор до појавата на нацизмот имал значење на (само) релоцирање и преселување на голема група луѓе на едно место. Но нацистичките логори се синоним за масовни убиства, гладување, прислина работа, геноцид и др. Овие логори се познати како логори на смртта. Денес изразот концентрационен логор има безмалку исто значење како и логор на смртта.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.