Колебање
From Wikipedia, the free encyclopedia
Колебање, трепет[1] или осцилација (од лат. oscillatio = клатење)[2] — рамномерно движење на тело околу рамнотежната положба. Наизменично движење во спротивна насока (горе-долу; десно-лево). Телата кои го изведуваат ова движење се треперници (осцилатори). Секоја точка која претставува оддалеченост од рамнотежната положба се нарекува издолжување (елонгација), а најголемата оддалеченост е замавот (амплитудата). Кога колебањата се со постојана брзина и вечни, односно замавот да е константна тие колебања се викаат непридушени колебања, а кога замавот, поради губење на енергијата на треперникот се намалува, тогаш станува збор за придушени колебања.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/2/25/Animated-mass-spring.gif)
Појавата на нагло растење на замавот на присилните механички колебања, во случај на совпаѓање на честотата (честотата) на надворешна периодична сила со честотата на треперникот, е наречена механичка резонанција. Треперникот кој ја прифаќа честотата на надворешната периодична сила се вика резонантор.[3]