Ковалентна врска
From Wikipedia, the free encyclopedia
Во хемијата, ковалентна врска е врска која настанува при сврзувањето меѓу атомите на еден ист неметал или меѓу атомите на елементи кај кои нема многу голема разлика во електронегативноста. Притоа се образуваат молекули.
Кај ковалентната врска, како и кај јонската, главна тенденција е постигнување на стабилна електронска конфигурација на инертен гас. Но, за разлика од јонската врска, овде конфигурацијата на инертен (благороден) гас се постигнува со образување на заеднички електронски парови меѓу атомите што се сврзуваат.