From Wikipedia, the free encyclopedia
Клаудија Кардинале, родена како Клод Хозефин Розе Кардинале (15 април 1938 година) е италијанска филмска глумица, која се појавила во некои од најценетите европски филмови од 1960-тите и 1970-тите.
Клаудија Кардинале е родена и израсната во Ла Гулет, населба во Тунис. Таа победила во натпреварот „Најубава италијанска девојка во Тунис“ во 1957 година, при што наградата била патување во Италија каде наскоро склучила неколку договори за снимање филмови. Во тој период, нејзин ментор било Кристалди, кој подоцна се оженил со неа.
Кардинале дебитирала на филмот со мала улога во филмот Гоха (1958), а набрзо станала една од најпознатите глумици во Италија, играјќи во повеќе филмови, како: Роко и неговите браќа (1960), Девојка со куфер (1961), Картуш (1962), Леопард (1963) и филмот на Фелини 8½ (1963). [б 1] Од 1963 година, Кардинале станала позната во Соединетите Држави и Велика Британија по улогата во „Пинк Пантерот“ заедно со Дејвид Нивен. Во рок од неколку години, таа се појавила во холивудски филмови како Блиндфолд (1965), Изгубена команда (1966), Професионалци (1966), Пеколот со хероите (1968) и епскиот Вестерн филм Беше еднаш на западот на Серџо Леоне (1968 година), во која била пофалена за улогата на поранешната проститутка.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.