Кинеска книжевност
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кинеската литература е многу стара - уште од пред 2000 г. п.н.е. таа имала разни верски песни и записи, но правата литература започнува од VI век п.н.е., кога Лао-це ја реформирал старата вера и проповедал таоизам (вид на мистичниот пантеизам),а Конфуциј ја систематизирал целата верска и литературна оставнина во 5 канонски книги (зборници): „Ше-џинг“, „Шу-џинг“, „И-ѓинг“, „Ли-џи“ и „Чун-циу“. Ше-џинг е „книгата на песните“ (305 песни од 1050 до 700 п.н.е.), една од најубавите збирки на поезија, воопшто. Како што самиот Конфуциј е целосна спротивност на мистичниот и занесен Лао-це, така и нивните сфаќања често се разликувале: Конфуциевиот внук Цесе и другите писатели залудно се обидувале да ги усогласат. Тоа го навело Менг-це (372-289 п.н.е.) да го изгради првиот поголем филозофски систем, но брзо по неговата смрт филозофијата опаѓа, а се развива песништвото. Притоа се истакнуваат Киих-Јиан (332-295 п.н.е.) и Сунг-Ји (290?-222? п.н.е.) и со нив се завршува класичниот период.