Кина на Олимписките игри
From Wikipedia, the free encyclopedia
Првпат на игрите учествувале како Република Кина од 1932 до 1948 година, Кина се натпреварувала на Олимписките игри под името Народна Република Кина за првпат во 1952 година, на игрите во Хелсинки, Финска, 1952 година, иако пристигнале подоцна успеале да учествуваат само на еден настан.[1] Истата година, МОК им дозволи на НРК и на Република Кина (која се преместила на Тајван по Кинеската граѓанска војна) да се натпреваруваат, иако Република Кина се поввлекла од игрите во знак на протест.[1] Поради спорот околу политичкиот статус на НРК, тие не учествувале на Олимписките игри сè до Зимските олимписки игри од 1980 година одржани во Лејк Пласид, САД.[1] Нивното прво појавување на Летните олимписки игри по оние од 1952 година е она на Летните олимписки игри во 1984 година во Лос Анџелес, САД.[2]
Кина на Олимписките игри | ||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| ||||||||||||
Олимписка историја | ||||||||||||
Летни олимпијади | ||||||||||||
|
||||||||||||
Зимски олимпијади | ||||||||||||
|
||||||||||||
Други поврзани настапи | ||||||||||||
Република Кина (1932–1948) |
Кинескиот олимписки комитет восегашниот облик бил признаен во 1979 година.[1] Пред Кинеската граѓанска војна, спортистите се натправарувале како Република Кина на Олимписките игри. Република Кина продолжила да се натпреварува на игрите од 1952 до 1976 (зимски), но биле претставени само од спортисти од островот Тајван (иако членовите не фудбалската репрезентација на игрите во 1960 година биле претежно од Хонгконг). Спорот околу употребата на името Кина довело до тоа НРК да ги бојкотира игрите во овој период. Во 1979 година, МОК донел одлука со која Република Кина ќе се натпреварува како Кинески Тајпеј, со што се овозможило НРК конечно да се придружи на олимпиското движење.[1]
Хонгконг имал свој одделен Национален олимписки комитет од 1950 и се натпреварувал на игрите од 1952 година. Откако територијата била вратена во владение на НРК и Хонгконг останал како специјална управна област во 1997 година, Хонгконг и понатаму продолжил да се натпреварува независно од остатокот на Кина под името Хонгконг, Кина.