Килобајт (од англ. kilobyte) е содржател на единицата за дигитални податоци бајт. Според Меѓународниот систем на мерни единици (SI), претставката „кило“ значи 1000, па затоа 1 килобајт е еднаков на 1000бајти. Симбол на оваа единица е кБ[1] (kB) или кбајт (kbyte).
Повеќе информации Десетични, Вредност ...
Затвори
Во некои полиња на информатиката е вообичаено под „килобајт“ се подразбираат 1024 (210) бајти .[2][3][4] Сите организации за стандардизација го сметаат ова за неисправно и го промовираат новиот систем на претставки утврден од Меѓународната електротехничка комисија, според кој вакво значење има кибибајтот, а пак „килобајтот“ има 1000бајти. Овој нов стандард сè уште нема најдено широка примена, особено поради постојаниот отпор во некои полиња на информатиката, каде новите претставки се сметаат за неестетски.[5][6]