Кефеида
вид променлива ѕвезда / From Wikipedia, the free encyclopedia
Кефеида — член на класата на многу сјајни променливи ѕвезди. Силната директна врска меѓу променливоста на сјајноста на кефеидите и периодот на пулсирање[1][2] , на кефеидите им го обезбедува статусот како важни индикатори за одредување на галктички и вонгалактички физички растојанија.[3][4][5][6] Променливите кефеиди се поделени на неколку поткласи кои имаат значително различни маси, години и истории на еволуции: класични кефеиди, кефеиди од типот II, неправилни кефеиди, и џуџести кефеиди. Неуспехот да се разликуваат овие различни поткласи од почетокот до средината на 20 век резултираа со значителни проблеми кај астрономските скали за одредување растојанија. Терминот Кефеид потекнува од Делта Кефеј во соѕвездието Кефеус, првата идентификувана ѕвезда од тој вид, од страна на Џон Гудрик во 1784 година.
![]() | Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |