From Wikipedia, the free encyclopedia
Кеплер-186 — црвено џуџе од главната низа од спектрален тип M1, на растојание од 178,5 парсеци (582 светлосни години) во соѕвездието Лебед. Ѕвездата е малу поладна од Сонцето, со половина од металичноста. Познати се пет планети во орбита околу ѕвездата, вклучувајќи ја и првата забележана планета со големина на Земјата во животопогодниот појас: Кеплер-186f.[6] Ѕвездата е домаќин и на други четири планети, но Кеплер-186 b, c, и d се премногу блиску до ѕвездата, но e во близина на внатрешниот раб на животопогодниот појас.
Податоци од набљудување Епоха J2000,0 Рамноденица J2000,0 | |
---|---|
Соѕвездие | Лебед |
Ректасцензија | 19ч 54м 36,6536с[2] |
Деклинација | +43° 57′ 18,0259″[2] |
Прив. величина (V) | 15,29[3] |
Особености | |
Спектрален тип | M1V[4] |
Астрометрија | |
Сопствено движење (μ) | Рект: 2,099 ± 0,041[2] млс/г Дек.: −4,361 ± 0,042[2] млс/г |
Паралакса (π) | 5.6020 ± 0.0244[2] млс |
Оддалеченост | 582 ± 3 сг (178,5 ± 0,8 пс) |
Податоци | |
Маса | 0,544 ± 0,02[4] M☉ |
Полупречник | 0,523 ± 0,02[4] R☉ |
Сјајност (болометричка) | 0,055 +0.011 −0.006[4] L☉ |
Температура | 3.755 ± 90[4] K |
Вртење | 34,404 ± 0,075[5] |
Старост | 4,0 ± 0,6[4] Гг. |
Други ознаки | |
Направени се бројни мерења со кои се определени бројни параметри на ѕвездата.[7][8] Во инфрацрвениот/микробрановиот ЕМ-спектар[1] нејзиниот H-појас е со величина 11,605, J-појас со величина од 12,473 и K-појас со величина 11,605. Во видливиот фотометрички систем величината е 14,90(R)(кон црвено во видливиот дел на спектарот) и 16,40(B)(кон синиот дел на спектарот)[7] (Погледајте привидна величина.) Станува збор за BY Змеј променлива менувајќи ја својата сјајност минимално, најверојатно поради ѕвездени дамки, со период од 33,695 денови.[9]
Ѕвездата е црвено џуџе на граница да стане портокалово џуџе, со маса приближно половин од масата на Сонцето, со густина ~1.59 x 105 кг/м3.
По собирање на податоци во текот на две години, најдени се сигнали за постоење на внатрешни планетарни кандидати. разговори за планетите во системот се воделе во текот на август и ноември 2013 година.[10] Во февруари 2014 година, биле потврдени планетитепреку повеќе различни методи. Петтиот најдалечен кандидат бил потврден на ист начин во април 2014 година.[11] Можноста сигналите да потекнуваат од други сигнали биле отфрлени преку истражувањата на Кековата и опсерваторијата Џемини, користејќи спекл интерферометрија и техники на адаптивна оптика, која, не била во можност да ги раздели планетите од ѕвездата, но биле доволни за да се отфрлат другите можности за сигналите.[12]
Придружници | Маса | Голема полуоска (ае) |
Орбитален период (денови) |
Занесеност | Наклон | Полупречник |
---|---|---|---|---|---|---|
b | — | 0,0378 | 3,8867907 | <0,24 | 83,65° | 1,08 R⊕ |
c | — | 0,0574 | 7,267302 | <0,24 | 85,94° | 1,25 R⊕ |
d | — | 0,0861 | 13,342996 | <0,25 | 87,09° | 1,39 R⊕ |
e | ~2,29 M⊕ | 0,1216 | 22,407704 | <0,24 | 88,24° | 1,33 R⊕ |
f | ~1,4 M⊕ | 0,356 | 129,9444 | <0,04 | 89,9° | 1,17 R⊕ |
Петте планети забележани во орбита околу Кеплер-186 се очекува да имаат цврста површина. Најмалата, Кеплер-186b, е за само 8% поголема од Земјата, додека пак најголемат, Кеплер-186d, е скоро 40% поголема.
Првите четири планети се најверојатно плимно сврзани, но Кеплер-186f е поделеку, каде плимните ефекти на ѕвездата се послаби, па не успеале доволно да ја успорат планетата. Поради спориот развој на црвените џуџиња, работ на системот Кеплер-186 е слабо дефиниран, но се верува дека ѕвездате веројано постара од неколку милијарди години.[13] Шансите планетата да е плимно сврзана се 50-50. Бидејќи е поблиску до ѕвездата отколку земјата до Сонцето, веројатно ќе се врти многу поспоро од Земјата, деноноќието можно е да трае недели или месеци (Погледајте плимни ефекти на брзина на вртење, наклон и орбита).[14]
Симулациите за создавање на планетите покажале дека можно е да постои уште една дополнителна планета со мала маса која не минува пред ѕвездата меѓу планетите Кеплер-186e и Кеплер-186f. Ако постои оваа планета, веројатно е дека е нешто помасивна од Земјата. ако е помасивна, нејзиното гравитациско влијание би спречило Кеплер-186f да мине пред ѕвездата.[13] Влијание кои го вклучуваат Тициус-Бодевиот закон, (и сличниот Дермотов закон) постои веројатност за уште неколку планети во системот две помали меѓу e и f и уште една поголема подалеку од f.[15]
Малата металичност на ѕвездата од-0.26, или кажано поинаку, половина од онаа на Сонцето,[6] се поврзува со помалата шанза за постоење на планети особено џинови но значителное поголема шансата за постоење на земјовидни планети.[16]
Како што се одвивала мисијата Кеплер првичните ознаки за кандидатите биле внесувани во внесниот Кеплеров каталог (KIC), и подоцна преминува во кандидатите за планети односно занимливи Кеплерови тела (KOI). Па така Кеплер-186 имала прво ознака KIC 8120608 а подоцна KOI 571.[17]
Надвор од мисијата Кеплер, каталогот на прегледот 2MASS ја каталогизирал оваа ѕвезда како 2MASS J19543665+4357180.[1]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.