Кевин Дјурант
Американски кошаркар / From Wikipedia, the free encyclopedia
Кевин Дурант (роден 29 септември 1988 год.) — американски кошаркар, играч на Бруклин Нетс. 206 см високиот Дјурант кој игра на позиција ниско крило и бек, и кој исто така е способен да игра како крилен центар, беше избран за играч на годината во универзитетската кошаркарска лига, а меѓу останатите награди во сезоната 2006-2007 беше избран за играч на годината од страна на универзитетскиот спортски собир. Истакнувајќи се во првата сезона на Универзитетот во Тексас, Дјурант одлучи да се пријави на НБА драфтот, каде што беше избран севкупно втор од страна на Сиетл Супер Соникс. Во неговата дебитантска сезона во НБА, Кевин ја освои наградата дебитант на годината. Во 2007 година, Дјурант потпиша договор за рекламирање со Најк. Во сезоната 2009-10, Дјурант беше најдобар стрелец во НБА и стана најмладиот играч што некогаш ја освоил оваа награда. Кевин подоцна ќе биде избран во првата петорка на НБА за сезоната 2010.
Кевин Дурант | |
---|---|
Позиција | Крило |
Висина | 2,06 м |
Тежина | 88 кг |
Лига | НБА |
Клуб | Бруклин Нетс |
Број | 35 |
Роден | 29 септември 1988(1988-09-29) (35 г.) Вашингтон |
Националност | САД |
Факултет | Тексас (2006–2007) |
Драфт | 2007 / Рунда: 1 / Пик: 2-ри overall |
Избран од Сиетл Суперсоникс | |
Проф. кариера | 2007– |
Клубови | |
2007–2008 | Сиетл Суперсоникс |
2008–2016 | Оклахома Тандер |
2016–2019 | Голден Ст. Вориорс |
2019- | Бруклин Нетс |
Репрезентација | |
Инфо од: 29.11.2016. |