![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/4/4e/UEFA_Euro_2020_Qualifiers_Map.png/640px-UEFA_Euro_2020_Qualifiers_Map.png&w=640&q=50)
Квалификации за Европско првенство во фудбал 2020
From Wikipedia, the free encyclopedia
Квалификации за Европско првенство во фудбал 2020 започнале на 21 март 2019, а ќе завршат на 31 март 2020 година. Со нив ќе се одредат 24-тите репрезентации кој ќе се пласираат на завршниот турнир на Европското првенство 2020.[1][2][3] Натпреварувањето овој пат е поврзано со изданието 2018–2019 на УЕФА Лигата на нации, давајќи им на земјите споредна рута да се квалификуваат за завршниот турнир. За првпат од 1976, ниту еден тим нема автоматски да се квалификува за Европското првенство како земја домаќин.[4]
Оваа статија можеби треба да се ажурира. Уредете ја статијата за да ги одразува скорешните настани или новодостапните информации, и отстранете ја оваа предлошка кога ќе завршите. |
Кратки факти Квалификации за Европско првенство во фудбал 2020, Податоци за првенството ...
Квалификации за Европско првенство во фудбал 2020 | |||
---|---|---|---|
![]()
| |||
Податоци за првенството | |||
Датум на одржување | 21 март 2019 – 31 март 2020 | ||
Екипи | 55 (од 1 конфедерација) | ||
Статистики на првенството | |||
Број на натпревари | 250 | ||
Постигнати голови | 801 (3.2 по натпревар) | ||
Гледачи | 5.220.354 (20.881 по натпревар) | ||
Голгетер | ![]() | ||
← 2016 2024 → |
Затвори
Вкупно 55 репрезентации учествувале во квалификацискиот процес, а своето деби го направила репрезентацијата на Косово.
Ждрепката за групите се одржала во Даблин, Ирска, на 2 декември 2018 година.[5]