Катинка Хосу
From Wikipedia, the free encyclopedia
Катинка Хосу (унгарски: Katinka Hosszú; 3 мај 1989 ) — унгарска натпреварувачка во пливање, која е специјалист во поединечни мешани трки. Таа е трикратен олимписки шампион и седумкратен светски шампион на долги патеки.[1]
Хосу е светски рекордер во 100 метри поединечно мешано, 200 m поединечно мешано (долга патека и кратка патека), 400 m поединечно мешано (долга патека), 100 m грбно (кратка патека) и 200 m грбно (кратка патека). Таа беше првиот пливач што ги држи светските рекорди во сите пет поединечни дисциплини во исто време. Таа држи две третини од унгарските рекорси. Хосу беше прогласена за ФИНА пливач на годината во 2014, 2015 и 2016 година и ја освои наградата СвимСвам за женски на годината во 2013 година.[2]
Таа се има натпреварувано на четири Летни олимписки игри : 2004, 2008, 2012 и 2016 година. Хосу моментално плива за Ајрон Акватикс. Долги години нејзиниот сопруг бил нејзин тренер,[3] а по нивниот развод, Хосу тренираше со тренерот Дејвид Сало.[4] Таа беше наречена „Железна дама“,[5][6] и е првата милионерка во историјата на пливањето.[7]