![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/e/eb/4_Warszawa_12.jpg/640px-4_Warszawa_12.jpg&w=640&q=50)
Катедрала Свети Јован Крстител (Варшава)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Катедралата Свети Јован Крстител (полски: Bazylika archikatedralna św. Jana Chrzciciela ) е црква која се наоѓа во Варшава, Полска. Христијанската катедрала е една од трите катедрали во полската престолнина, која се наоѓа во Стариот град и е вклучена во списокот на светското наследство на УНЕСКО.
Катедрала Свети Јован Крстител Bazylika archikatedralna św. Jana Chrzciciela | |
---|---|
![]() Поглод кон црквата | |
Основни податоци | |
Место | Варшава, Полска |
Духовно-организациски статус | црква |
Каедралата била изградена во текот на 14 век во готска архитектура, и во текот на средниот век служела како место за крунисување и погребување на Војводите од Мазовија. Катедралата била реновирана во времето кога бил изграден Кралската палата во времето на Ана Јагиелонска во доцниот 16 век.[1] По крајот на седницата во која бил усвоен Уставот од 3 мај 1791 година, кралот Станислав август Пониатовски отишол во катедралата за да положи заклетва пред олтарот, во име на Бог.
Црквата на неколкупати била обновувана, особено во текот на 19 век. Во текот на Втората светска војна, катедралата била опожарена и оштетена[2], а по крајот на истата била обновена во готски стил.