From Wikipedia, the free encyclopedia
Карл Виман (англиски: Carl Wieman 26 март 1951 ) — американски физичар и просветен работник при Стенфорд[1] и добитник на Нобелова награда за физика на Универзитетот во Колорадо заедно со Ерик Корнел и Волфганг Кетерле, за добивањто на првиот вистински Бозе-Ајнштајнов кондензат.
Карл Едвин Виман | |
---|---|
Роден(а) | 26 март 1951 Корвалис, орегон, САД |
Националност | Американец |
Полиња | Физика |
Установи | Универзитет во Британска Колумбија Универзитет во Колорадо Универзитет во Mичиген |
Образование | МИТ Стенфордски универзитет |
Докторски ментор | Теодор Хенш |
Познат по | Бозе-Ајнштајнов кондензат |
Поважни награди | Награда Ернест Орландо Лоренс (1993) Меѓународна награда за наука Крал Фејсал (1997) Лоренцов медал (1998) Бенџамин Френклинов медал (2000) Нобелова награда за физика (2001) Ерстедов медал (2007) |
Виман се родил во Корвалис, Орегон Во САД и се школувал во Корвалското средно училиште. Виман својата диплома ја стекнал на МИТ во 1973 година, а докторската титула од Стенфорд во 1977 година, тој истот ака бил прогласен за доктор на науки, почесен доктор од Чикашкиот универзитет во 1977 година. Тој бил награден со Лоренцов медал во 1998 година. Во 2001 година, ја добил Нобеловата награда за физика, заедно со Ерик Корнел и Волфганг Кетерле, за добивањето на првиот Бозе-Ајнштајнов кондензат.[2] Во 2004 година, би прогласен за Американски професор на годината меѓу сите докторски и истражувачки универзитети.
Виман се вработил на Универзитетот во Британска Колумбија на 1 јануари 2007 година, и започанал силна образовна иницијатива, задржал само 20 % од часовите на Универзитетот во Колорадо за да раководи со научниот образоврн проект кој го започнал во Колорадо.[3] НА 1 септември 2013 година, Виман се вработил на Стенфорд со двојна настава на одделот за физика и додипломското образовно училиште.[4][5]
Во изминатите години, Виман бил особено вовлечен во напорите за подобрување научното образование и спровел истражување за научното образование. Виман моментално е член на Одборот за научно образование при Националната академија на науките. Тој го користи и промовира Мазуровото „упатство за корисници“, за педагошкиот систем, во кој наставниците постојано прашуваат прашања со повеќекратен избор на одговори за време на часот, при што студентите одговараат на лице место со „тастерни“ направи. Ако поголем број од студенти изберат погрешен одговор, студентите разговараат меѓусебно и се обидуваат повторно да одговорат на прашањето.[6] Во 2007 година, бил награден со Ерстедов медал, што се доделува за значајни придонеси во предавањет на физика, од страна на Американското здружение на наставници по физика.
Виман е основач и раководител на PhET, мрежна страница на Универзитетот во Колорадо на која се претставен голем број на симулации како да се подобри учењето и предавањето на физиката, хемијата, биологијата географијата и математиката.[7] Link
Виман е член на одборот на Американскиот саем за наука и инженерство.[8] Виман бил предложен за претставник за наука и технологија во Белата куќа на 24 март 2010 година. Неговото сослушување пре комитетот за Трговија било на 20 мај 2010 година исотот го поминал едногласно. На 16 септември 2010 година, Д-р. Виман исто така така бил потврден едногласно. Го напуштил местото во јуни 2012 година поради здравствени причини.[4]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.