Американски кошаркар From Wikipedia, the free encyclopedia
Карл-Ентони Таунс Јуниор (роден на 15 ноември 1995, во Едисон) е американско-доминикански кошаркар, центар на Минесота Тимбервулфс.
|
Тој играл колеџ кошарка за Кентаки Вајлдкетс, а на НБА драфтот 2015 година бил избран како први пик од Минесота Тимбервулфс, клубот за кој настапува и денес, со што започнало неговото НБА искуство. Во својата прва сезона во лигата, тој бил избран за НБА Руки на годината. Тој е трикратен учесник на НБА Ол-стар натпреварите и победник на НБА натпреварот во шутирање тројки во 2022.
Средношколската кариера Таунс ја поминал во Њу Џерси, каде што и живеел. Тој се покажал како многу талентиран и ветувачки играч за во иднина уште додека бил средношколец. Таму бил забележан од страна на добро познатиот тренер на колеџот Кентаки, Џон Калипари, и го повикал на подготовки со репрезентацијата на Доминиканска Република.
Во декември 2012 година, Таунс објавил дека ќе се преквалификува како сениор и ќе игра за машкиот кошаркарски тим на Кентаки Вајлдкетс под водството на тренерот Џон Калипари, кој го тренирал претходно во државната репрезентација на Доминиканската Република.
Во јануари 2013 година, Таунс постигнал неверојатен квадр-дабл учинок за своето средно училиште од 17 поени, 17 скокови, 11 асистенции и 11 блокади, за точно година дена подоцна да оствари сличен учинок од 20 поени, 14 скокови, 12 блокади и 10 асистенции.[1] После тоа заминал на колеџот Кентаки, каде поминал само една сезона. Во неа просечно бележел по 10,3 поени и имал 6,7 скокови по натпревар.
На НБА драфтот 2015 се очекувало дека Таунс ќе биде многу високо котиран. Во подготвителниот период пред драфтот тој одработил неколку тренинзи со Минесота Тимбервулфс, поради што било очекувано да биде избран токму од оваа екипа.[2] Тоа и се случило, на 25 јуни 2015 тој бил избран како прв пик на драфтот од Минесота.[3]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.