From Wikipedia, the free encyclopedia
Карипска Холандија[6][7] (холандски: Caribisch Nederland) — збирен назив за три посебни општини на Холандија во Карипското Море, опфаќајќи ги островите Бонер, Свети Евстахиј и Саба,[8] иако поимот понекогаш се однесува на сите острови на Холандските Кариби. Денес островите се водат како јавни тела на Холандија во службена смисла и имаат статус прекуморска територија на Европската Унија, иако не се дел од неа. Во законодавството го носат и името острови БЕС (BES-eilanden), што е акроним од нивните имиња.
Карипска Холандија Caribisch Nederland | |||
---|---|---|---|
прекуморски регион на Холандија | |||
Местоположба на Карипска Холандија | |||
Земја | Холандија | ||
Посебни општини | |||
Припоена кон Холандија | 10 октомври 2010 (распуштање на Холандските Антили) | ||
Управа | |||
• Државен прет. | Јан Хелмонд | ||
• Управници |
| ||
Површина | |||
• Вкупна | 328 км2 (127 ми2) | ||
( | 0,8% од Холандија)|||
Најг. вис. (Маунт Синери) | м | 887||
Население (2016) | |||
• Вкупно | 25,019[1] | ||
( | 0,1% од Холандија)|||
Јазици | |||
• Службени | холандски | ||
• Признаени | |||
Час. појас | AST (UTC−4) | ||
Повик. бр. | +599 | ||
ISO 3166 | BQ, NL-BQ1, NL-BQ2, NL-BQ3 | ||
Валута | американски долар[3] | ||
НДД |
Бонер (вкл. островчето Мал Бонер) е еден од Заветрените Антили, недалеку од брегот на Венецуела. Свети Евстахиј и Саба се главни во групата Мали Антили и лежат јужно од Свети Мартин, а северозападно од Свети Китс и Невис.
Трите острови го добиле тековниот статус со распуштањето на Холандските Антили на 10 октомври 2010 г.[9] Истовремено, Курасао и Свети Мартин станале автономни земји (landen) во состав на Кралството Холандија.[10] Со таков статус се стекнал и островот Аруба, исто така во Карибите. Поимот „Холандски Кариби“ правно се однесува само на трите општини, но неслужбено се користи за сите карипски острови на Кралството Холандија. Општините зафаќаат вкупна површина од 328 км2 и заеднички имаат 25.019 жители.[1].
Посебните општини (bijzondere gemeenten) имаат слични надлежности како општините во самата Холандија. Извршната власт ја има Управниот совет, на чие чело стои Островски управни. Граѓаните имаат свои претставници во Островскиот совет во месните работи, а воедно имаат право да гласаат на холандските и на европските избори.
Во службена смисла, островите во холандскиот закон се „јавни тела“ (openbare lichamen), а не општини (gemeenten). За разлика од обичните општини, тие не се дел од ниедна покраина;[11] покраинските надлежности се поделени помеѓу островските управи и холандската влада, односно Државната служба за Карипска Холандија, и затоа овие општини важат за „посебни“.
Многу холандски закони имаат свои верзии што важат во Карипска Холандија.[12] На пример, социјалната заштита не е на истото ниво како во европскиот дел на државата.[13]
Општина | Изворно име | Седиште | Површина[14] (км2) |
Население[15] (2014) |
Густина (жит/кмс) |
---|---|---|---|---|---|
Бонер | Bonaire | Кралендајк | 288 | 18.905 | 66 |
Саба | Saba | Ботом | 13 | 1.811 | 139 |
Свети Евстахиј | Sint Eustatius | Орањестад | 21 | 3.877 | 185 |
Вкупно | 322 | 24.593 | 76 |
Државната служба за Карипска Холандија (Rijksdienst Caribisch Nederland) е задолжена за даночната политика, јавниот ред, доселеништвото, сообраќајната инфраструктура, здравството, образованието и социјалата на островите и ги пружа тие услуги во име на Владата на Холандија.[16] Орган е создаден во 2008 г. како Центар на регионалните служби, а денешниот облик го добил со промената на статусот на 1 септември 2010 г.[17][18] Државната влада на островите ја застапува Претставник, чија улога е слична на Кралскиот комесар.
Карипска Холандија географски ѝ припаѓа на островската група Мали Антили. Во состав на групата:
Островите на Карипска Холандија се одликуваат со тропска клима и топло време преку целата година. Заветрените Острови се потопли и посуви од Приветрените. Лете знаат да се јавуваат урагани.
Сè 1 јануари 2011 г. на островите се користел холандскоантилскиот гилдер, кога е усвоен американскиот долар, иако валутата во матичната земја е еврото. За разлика од нив, останатите острови од поранешните Холандски Антили — Курасао и Свети Мартин — го употребуваат карипскиот гилдер.[19]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.