Калининградска Област
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Калининградска област (руски: Калинингра́дская о́бласть) — федерална област во Русија сместена во најзападниот дел од земјата. Седиште е градот Калининград (порано „Кенигсберг“).
Калининградска област | |||
---|---|---|---|
Област | |||
Калининградская область | |||
Химна: [1] | |||
Држава | Русија | ||
Федерален округ | Северозападен[2] | ||
Економски регион | Калининградски[3] | ||
Седиште | Калининград | ||
Управа | |||
• Орган | Дума[4] | ||
• Управник[5] | Антон Алиханов | ||
Површина[6] | |||
• Вкупно | 15.100 км2 (5,800 ми2) | ||
Население (2010 Census)[7] | |||
• Вкупно | 941.873 | ||
• проц. од (јануари 2014)[8] | 963.128 | ||
• Ранг | 56th | ||
• Густина | 62/км2 (160/ми2) | ||
• Градскo | 77,6 % | ||
• Селска | 22,4 % | ||
Час. појас | [9] (UTC+2) | ||
ISO 3166 | RU-KGD | ||
Рег. таб. | 39, 91 | ||
Службени јазици | руски[10] | ||
Мреж. место | http://www.gov39.ru |
Сместен е во северниот дел на Средна Европа. Останал како ексклава на Русија по распадот на СССР.
Зафаќа површина од 15.125 км2.
Население - 963.128 жители (2014). Густина - 63,68 жит/км2. Градското население има удел од 76,82 % (2013).
Се граничи со Полска на југ и Литванија на север и исток. На запад се протега Балтичкото Море.
Калиниградската област е најзападниот дел на Русија. Во најдолгиот дел се протега 205 км од запад на исток и 108 км од север на југ.
Пределите на ова подрачје се ридско-рамничарски, а некои се и под морското ниво. Во источниот дел се пределите се нерамни и достигнуваат висина од 230 м. Највеќето рамничарски делови се наоѓаат во Славскиот реон. Тука се таканаречените полдери — земјиште оградено со брани и под постојана закана од поплавување. Полдерите во областа зафаќаат околу 1.000 км2, што е повеќе од половината во целиот некогашен СССР. Просечната надморска височина од е 15 м. Заводнувањето на пониските делови наложува големи потфати за мелиорација, особено одводни канали.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.