Рикардо Изексон дос Сантос Лејте (португалски: Ricardo Izecson dos Santos Leite) (се чита: Рикарду Изексон душ Сантуш Лејчи) (роден на 22 април 1982 во Бразилија), подобро познат како Кака, — бразилски фудбалер кој игра во американската МЛС за Орландо Сити, и е поранешен член на бразилската фудбалска репрезентација. Кака ja започна својата фудбалска кариера на возраст од осум години, кога тој почна да игра за еден локален клуб. Како дете, тој, исто така, играл тенис,[2] и тоа не беше сè додека тој се пресели во Саун Пауло и го потпиша својот прв професионален договор со клубот, на возраст од 15 години, со што целосно се фокусира на фудбалот. Во 2003 година, тој се приклучи на италијанскиот клуб Милан за сума од 8,5 милиони евра. Во Милан, Кака го доживеа свите најблескави моменти во кариерата освојувајќи ја Серија А и Лигата на Шампионите, а во 2007 година тој беше прогласен за играч на годината и ја доби Ballon d'Or наградата. По неговиот успех со Милан, Кака се приклучи на Реал Мадрид за обесштетување од 65 милиони евра.[3] Во тоа време, тоа е втор најскап фудбалски трансфер во надомест во евра зад 75 милионскиот трансфер за Зинедин Зидан. По четири сезони во Шпанија, тој се врати во Милано на само една сезона во 2013 година, постигнувајќи го својот 100-ти гол за клубот. На крајот на сезоната 2013-14, тој се пресели во МЛС лигата во тимот на Орландо, но првично се врати во својот поранешен бразилски клуб Саун Пауло на позајмица. Во 2015 година, тој постигна гол на своето деби на МЛС за Орландо; кој подоцна беше вклучен во списокот за МЛС Ол-стар натпреварот во 2015 година, каде што тој беше прогласен за најкорисен играч.

Кратки факти Kaká, Лични податоци ...
Kaká
Thumb
Кака после натпревар во Хјустон во 2015 година
Лични податоци
Полно име Рикардо Изексон дос
Сантос Лејте
Роден на 22 април 1982(1982-04-22)(42 г.)
Роден во Бразилија, Бразил
Висина 1,86 м[1]
Позиција среден ред/напад
Клупски податоци
Сегашен клуб ФК Милан
Број 22
Младинска кариера
1994–2000 ФК Саун Пауло
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2001–2003 ФК Саун Пауло 59 (23)
2003–2009 ФК Милан 193 (70)
2009–2013 ФК Реал Мадрид 85 (23)
2013-2014 Милан 30 (7)
2014- ФК Орландо Сити 52 (18)
2014- ФК Саун Пауло (п) 19 (2)
Репрезентација
2002– Бразил 92 (29)
Затвори

На репрезентативно ниво, Кака го направи своето деби за репрезентацијата на Бразил во 2002 година, и беше избран во победничкиот состав за Светското првенство во истата година, како и за Светското Првенство во 2006 и 2010 година. Тој исто така беше член на победничката бразилската репрезентација на Купот на Конфедерации во 2005 година и 2009 година каде што ја освои и наградата златна топка на турнирот во 2009 година, како најдобар играч на првенството.

Во прилог на неговиот придонес на теренот, Кака е познат за неговата хуманитарна работа. Во 2004 година, тој стана најмладиот назначен амбасадор на ОН за Светската програма за храна.[4] За неговиот придонес во и надвор од теренот, Кака беше именуван во Време 100 списокот на највлијателни луѓе во светот во 2008 и 2009 година.[5] Кака беше првиот спортист да собере 10 милиони следбеници на Twitter.[6]

Кака во моментов е најплатен играч во МЛС лигата, со вкупна заработка од 7.167.500 долари бруто, односно 6,6 милиони основна плата.[7]

Наводи

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.