Ијар
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ијар (хебрејски: אִייָר или אִיָּר, од акадски: ayyaru, „розета, цвет“) — осмиот месец од граѓанскиот и вториот месец од верскиот еврејски календар. Името му е од вавилонско потекло. Ова е пролетен месец и има 29 дена. Обично паѓа во април–мај од грегоријанскиот календар.
Повеќе информации Реден број:, Денови: ...
← нисан ијар (אִייָר) сиван → | ||||
---|---|---|---|---|
Декларација за независноста на Израел која се памети на денот Јом аацмаут ја објавил првиот премиер на државата — Давид Бен-Гурион на 5 ијар 5708 г. | ||||
Реден број: | 2 | |||
Денови: | 29 | |||
Годишно време: | пролет | |||
Грегоријански: | април–мај |
Затвори
Во еврејската Библија, пред Вавилонското ропство, овој месец се нарекувал зив (Царства 6:1 и Царства 6:37[1]). Ова е хебрејско име и значи „светлина“ или „блесок“.