![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/d/d9/Coat_of_arms_of_the_Soviet_Union_%25281956%25E2%2580%25931991%2529.svg/langmk-640px-Coat_of_arms_of_the_Soviet_Union_%25281956%25E2%2580%25931991%2529.svg.png&w=640&q=50)
Историја на Советскиот Сојуз (1917–1927)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Историјата на Советска Русија и Советскиот Сојуз претставува период на големи промени не само во руското општество туку и во целиот свет. Иако термините "Советска Русија" и "Советски Сојуз" се синоними во секојдневниот речник, кога зборуваме за темелите на Советскиот Сојуз, Советска Русија се однесува на годините по абдикација на царот на Руската Империја односно на Николај II (во 1917), но пред создавањето на Советскиот Сојуз во 1922 година. Во својата рана концепција, Советскиот Сојуз се стремил да постигне хармонија меѓу сите народи кои живееле во земјата. Оригиналната идеологија на државата се засновала врз основа на делата на Карл Маркс и Фридрих Енгелс. Во својата суштина, Марксовата теорија тврди дека економските и политичките системи требало да поминат преку неизбежна еволуција, со што сегашниот капиталистички систем ќе биде заменет со социјалистички систем.
![]() Дел од темата |
---|
(1917 — 1927) |
Руска револуција |
(1927 — 1953) |
Сталинизам • Голема чистка |
(1953 — 1964) |
(1964 — 1982) |
Реформи од 1965 |
(1982 — 1991) |
Перестројка |
Портал:СССР |
Незадоволни од страна на релативно мал број на промени направени од страна на царот по Руската револуција од 1905 година, Русија се претворила во место на анархизмот, социјализмот и други радикални политички системи. Доминантната социјалистичката партија, Руска социјалдемократска работничка партија, се засновала на марксистичката идеологија. Започнувајќи од 1903 година, кога во партијата следело серија на поделби, партијата се разделила на две главни групи, болшевици (што значи "мнозинство") кои биле предводени од страна на Владимир Илич Ленин, и меншевици (што значи малцинство) предводена од Јулиј Мартов. До 1912 година, двете групи продолжиле да делуваат во рамките на една партија, но големите разлики меѓу Ленин и Мартов довеле до поделба на партијата за последен пат. Потребата од политичка доминација започнала помеѓу меншевиците и болшевиците. Не само што овие две фракции се бореле едни со други, но исто така имале заеднички непријатели, особено, оние кои се обидувале царот повторно да го донесат на власт. По Февруарската револуција, меншевиците добиле контрола на Русија и воспоставиле привремената влада. Ова траело само неколку месеци до преземањето на власта од страна на болшевиците по Октомвриската револуција (исто така наречена Болшевичка револуција). За да се разликува од другите социјалистички партии, болшевичката партија била преименувана во Руска комунистичка партија.
Во периодот од 1917 до 1923 година, земјата влегла во Првата светска војна, проследена со Руската граѓанска војна односно војната меѓу Бела армија и Црвена армија. По смртта на Ленин во 1924 година, на власт како генерален секретар бил избран Јосиф Сталин.