Историски архив (Велес)
историски архив во Велес / From Wikipedia, the free encyclopedia
Архивот на Велес е формиран во 1954 година, а од 1951 година до 1954 година Архивското средиште функционирало како архивско одделение во состав на Народниот музеј на Велес. Одделението, како дел од Државниот архив на Република Македонија работи во нова наменска зграда со читална, на ул. „Наум Наумовски“ бб, во Велес.[1] Надлежно за следните општини: Велес, Чашка, Градско, Росоман, Неготино, Кавадарци, Демир Капија и Гевгелија. Одделението работи со 267 иматели на архивски материјал. Ова одделение располага со 538 фонд и 8 збирки.