Инсектојади
From Wikipedia, the free encyclopedia
Инсектојади (insectivorous) се мала група месојадци кои се хранат со инсекти.[1] Алтернативен назив e ентомфагија[2], што се однесува и на луѓе кои јадат инсекти.
Овде спаѓаат ежовите, кртовите, ровките и некои помалку познати животни, како што се тенреците и влакнестите ежови. Многу инсектојади се ноќни животни. Тие излегуваат ноќе во потрага по храна. Имаат долги рилки и многу силно сетило за мирис со чија помош го наоѓаат својот плен. Повеќето инсектојади се хранат со инсекти, црви и други мали животни. Но некои ровки можат да убијат и голем плен, како на пример жаба. Едни видови инцектојади се хранат и живеат на површината на земјата, а други, особено кртовите, живеат во подземни дупки. Ровката што наликува на видра и којашто припаѓа на фамилијата тенреци, подолго престојува во вода, токму како и обична видра. Ежовите и некои видови тенреци имаат [[боцки што им служат за заштита. Кожата со непријатен мирис има иста функција кај кртовите и ровките. Поголемите животни, како што се панголинот и јужноафричкиот мравојад, исто така се хранат со инсекти.
Тие ги напаѓаат мравките и термитите, вовлекувајќи ги своите долги и лепливи јазици во нивните гнезда. Некои панголини можат да изедат и до 200.000 мравки за една ноќ. Јужноафриканскиот мравојад и панголинот се ноќни и претежно живеат сами. Тие го користат своето развиено сетило за мирис кога бараат храна. Имаат силни предни нозе кои им користат за разбиvање на гнездата на инсектите, како и за копање на дупки (јужноафриканскиот мравојад), или качување на дрвја (панголини).
Ако е во опасност панголинот ќе се свитка во топка и боцките го штитат од напаѓачите. За разлика од панголинот, јужноафриканскиот мравојад кога е во опасност, со голема брзина може да се закопа во земја.