Инка мост од јаже
From Wikipedia, the free encyclopedia
Инка мостовите од јаже биле наједноставните мостови кои се граделе преку кањоните за да се овозможи полесна комуникација во Тавантинсују. Овие мостови биле доста практични, бидејќи Инките не користеле транспортни возила од било кој вид за транспорт, туку тој се одвивал пеш или со животни. Овие мостови биле важни во патниот систем на Инките и се добар пример за иновациите кои ги користеле. Овие мостови доста често ги користеле часките, курири кои носеле пораки од едно место до друго во рамките на Империјата.[1]