Ернст Ингмар Бергман (шведски: Ernst Ingmar Bergman, 14 јули 1918 — 30 јули 2007) — шведски филмски и театарски режисер и сценарист. Според Вуди Ален, Бергман е еден од најголемите и најзначајните имиња во историјата на филмот. Режирал повеќе од шеесет играни и документарни филмови. Неговите дела често се занимаваат со смртта, болеста, верата, предавството, песимизмот и лудилото. Неговиот филм „Седмиот печат“ останува запаметен како едно од големите филмски ремек-дела.
Ингмар Бергман Ingmar Bergman | |
---|---|
Ингмар Бергман на снимањето на „Диви јагоди“ (1957) | |
Роден(а) | Ернст Ингмар Бергман 14 јули 1918 Упсала, Шведска |
Починал(а) | 30 јули 2007 89) Форе, Шведска | (возр.
Занимање | режисер, продуцент, сценарист |
Активен период | 1944–2005 |
Влијанија од | Аугуст Стриндберг[1] Виктор Шестрем[2] Акира Куросава[2] Федерико Фелини[2] Марсел Карне[2] |
Сопружник | Еле Фишер (1943–45) Елен Лундстрем (1945–50) Гун Грут (1951–59) Кеби Ларетеј (1959–69) Ингрид фон Розен (1971–95) |
Награди | Гетеова награда |
Рано детство
Ингмар Бергман е роден во Упсала, Шведска. Син на Ерик Бергман, лутерански поп и Карин, медицинска сестра. Израснал со неговиот постар брат Даг и сестра Маргарета, опкружен со религија. Неговиот татко бил конзервативен и со строги родителски концепти. Ингмар бил затворан во темни плакари за „престапи“ како мокрење во креветот.
Наводи
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.