Илер
река во сојузните покраини Баварија и Баден-Виртемберг, Германија From Wikipedia, the free encyclopedia
река во сојузните покраини Баварија и Баден-Виртемберг, Германија From Wikipedia, the free encyclopedia
Илер (на германски: Iller, античко име Ilargus) — река во сојузните покраини Баварија и Баден-Виртемберг во Германија. Тоа е десна притока на Дунав, долга 146 километри. Настанува на устието на реките Брајтах, Стилах и Трзетах во близина на Оберстдорф во регионот Алгиу на Алпите, во близина на австриската граница. Од таму тече кон север, поминувајќи низ градовите Сонтофен, Именштат и Кемен.
Илер | |
---|---|
Настанокот на Илер (сликано од авион) | |
Местоположба | |
Country | Германија |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Северни Алпи |
Устие | |
• место | Дунав |
• координати | 48°22′53″N 9°58′23″E |
Должина | 145.9 kм (90.7 ми) [1] |
Големина на сливот | 2,147 km2 (829 ми) [1] |
Проток | |
• просечен | 90 m3/s (3,200 cu ft/s) |
Особености на сливот | |
Течение | Дунав→ Црно Море |
Помеѓу Лаутрах во близина на Меминген и Улм, нејзиното течение ја формира границата помеѓу двете германски држави Баварија и Баден-Виртемберг во должина од околу 50 километри. Реката Илер се влева во Дунав во градот Улм.
Речниот слив на Илер има површина од 2.152 квадратни километри, со што таа е рангирана како седма од реките на Баварија со проток на вода, со просечна брзина од 75 кубни метри во секунда во Сенден, на кратко растојание од течението на Дунав. Моќта на реката се користи за производство на хидроелектрична енергија преку осум централи со вкупен нето капацитет од 51 MW.
По течението на Илер постои велосипедска патека, кој исто така е популарно место за сплаварење и пешачење.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.