Израелско-либанска војна од 2006 година
From Wikipedia, the free encyclopedia
Израелско-либанска војна од 2006 г. позната во Израел како Втора либанска војна, и во Либан како Јулска војна — меѓудржавна војна помеѓу Израел и Либан. Војната се водeше на територијата на Либан и во северен Израел помеѓу израелската војска и вооруженото крило на Хезболах. Израел вршеше масовно воздушно бомбардирање на јужен Либан и Бејрут, поморска блокада на либанските пристаништа и копнени акции од помал обем во јужен Либан. Хизболах, пак, од своите упоришта во јужен Либан испалуваше ракети од типот „Катјуша“ врз цивилни мети во северен Израел, вклучувајќи ја и Хаифа. Бројот на жртвите изнесува: 1.191 убиени цивили и 80-700 убиени војници на либанска страна и 44 убиени цивили и 119 убиени војници на израелска страна.
Израелско-Либанска војна од 2006-та | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Арапско-израелски конфликт | |||||||
Чад над Тир во Либан по израелско бомбардирање |
|||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Израел | Хизболах Движењето Амал[1] Комунистичка партија на Либан(КПЛ)[2] Национален фронт за ослободување на Палестина(НФОП)[3] |
||||||
Команданти и водачи | |||||||
Амир Перец Дан Халуц Моше Каплински[4] Udi Adam | Хасан Насралах Имад Мугхнијех |
||||||
Сила | |||||||
10.000 војници (30.000 во последните денови) (+ Израелска авијација, Израелски поморски сили)[5][6] | 600–1.000 активни борци (5.000-10.000 во последните денови) 10.000 резервисти[7] |
||||||
Жртви и загуби | |||||||
Израелска војска: 121 загинати Израелски цивили: | Паравојска на Хизболах: ~500 загинати(По проценка на ОН)[12] |
Војната започна на 12 јули 2006 г. и траеше до стапувањето насила на примирјето на 14 август, иако формално заврши на 8 септември, кога Израел ја повлече својата поморска блокада на Либан.