Изет Меџити
политичар / From Wikipedia, the free encyclopedia
Изет Меџити — македонски политичар и градоначалник на Општина Чаир во периодот од 2005 до 2017 година. Роден е во Скопје, 1977 година. Средно образование стекнал во гимназијата „Зеф Љуш Марку“ од Чаир. Дипломирал на Економскиот Факултет - Скопје, а бил на последипломски студии од областа на јавниот менаџмент. Во периодот 2001-2003 бил професор по економија во средното училиште „Арсени Јовков“. Откако го напуштил професорското место, работел како економски советник во Македонски Пошти до 2005 година.[1]
Кратки факти Изет Меџити, Министер за животна средина и просторно планирање ...
Изет Меџити | |
---|---|
Министер за животна средина и просторно планирање | |
На должноста | |
Стапил 23 јуни 2024 | |
Претседател | Гордана Силјановска-Давкова |
Премиер | Христијан Мицкоски |
Претходник | Каја Шукова |
Градоначалник на Општина Чаир | |
На должноста 2005–2017 | |
Претходник | Аце Миленковски |
Наследник | Висар Ганиу |
Лични податоци | |
Роден(а) | 8 февруари 1977(1977-02-08) (47 г.) Скопје, СР Македонија, СФРЈ |
Националност | Македонски Албанец |
Партија | Демократско Движење |
Сопружник | Ава Меџити |
Установа | Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ |
Професија | Дипломиран економист |
Вероисповед | Муслиман |
Затвори